Од утре почнува скринингот за ковид-19 во основните училишта во Македонија. Како причина за тестирањето на основците Комисијата за заштита од заразни болести го наведе фактот дека во моментот, во основните училишта имало повеќе деца кои се заразени со ковид-19, за разлика од средните училишта, каде ситуацијата била помирна.
Доктор Жаклина Шопова на својот фејсбук профил запраша дали ваквиот чекор ќе придонесе за спречување на трансмисијата на болеста помеѓу повозрасната популација.
Заради зголемен број на новоинфицирани, итно ќе се тестираат учениците!!!
Дали ова ќе допринесе да се спречи трансмисијата на болеста помеѓу повозрасната популација која е најзасегната не од сега, туку последниве два месеци…или има некоја друга цел, од која ќе произлезат други препораки, други превентивни мерки … да одговори Комисијата за заразни болести!
Дали сите здравствени институции ги почитуваат препораките кои велат дека после 20 дена пациент со ковид не се тестира бидејќи повеќе не е заразен за околината, (верувам дека истите се ревидирани и постојат во пишана форма, и ги имаат сите здравствени институции како документ)!
Ако така функционираме ќе може пациентот благовремено да се трансверира во соодветна здр.установа, без да се бара негативен тест за ковид, како би го продолжил своето лекување на одредена негова перзистентна болест која се влошила, или заради некоја новонастаната компликација… – стои во статусот на Шопова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.