Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој штотуку слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Вицепремиерот Маричиќ, како што соопшти неговиот кабинет, му посака топло добредојде на Мишел и изрази големо задоволство од неговата посета, која е во исклучително важен момент за нашата земја и за целиот регион.

Во пресрет на јунскиот Самит на француското претседателство оваа посета е одлична можност со Мишел да го повториме ставот за нашата стратешка определба и партнерство со ЕУ, но и да поразговараме за идните планови за натамошниот развој на Западен Балкан и ЕУ – вели Маричиќ.

Во рамки на посетата, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој е во мини балканска турнеја, ќе биде гостин на вториот Преспа форум за дијалог, каде заедно со претседателот Стево Пендаровски, ќе го отворат со првата сесија, на која ќе говорат и претседателите на Слованија Борут Пахор, на Хрватска Зоран Милановиќ, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.