Во новата епизода на подкаст емисијата Активни Мерки, новинарите Кит Кларенберг и Алекс Рубинштајн ги оценуваат изборите во Македонија како контра-револуција, со која се поништуваат ефектите на Шарената револуција.
– Пендаровски беше миленик на функционерите на ЕУ и САД, и неговиот избор во 2019 година беше претставуван како израз на тежнеењето на Македонците конечно да станат дел од западната заедница. Но следеше долгиот и мачна приказна на мешање во македонските избори, газење на демократијата, отворени измами, кривични дела извршени на највисоко ниво и разни подметнувања од САД и Британија, чии вистински димензии веројатно никогаш нема да ги дознаеме. Затоа изборот на Гордана Силјановска – Давкова може да помогне да се запрат овие малигни махинации, вели Кит Кларенберг.
Според Кларенберг, новинар кој е под прогон од страна на британските власти и живее во Белград, британското разузнавање било клучно во подготвување на Шарената Револуција во Македонија. Тој го прозива поранешниот британски амбасадор во Македонија Чарлс Гарет за финансирање на активностите на невладините организации кои беа вмешани во шарените протести, како и за нарачување на неверојатно пофалните репортажи за корумпираната обвинителка Катица Јанева.
– Катица Јанева и нејзините две помошнички беа претставени во западните медиуми како Чарлиевите Ангели, борци против криминалот кои излегле од телевизиските екрани. Неколку години подоцна Јанева заврши во затвор за корупција, во многу смешен случај, во кој се разоткри дека земала мито за да врши селективно гонење, да гони одредени луѓе, а да остави други на слобода. Но, амбасадорот Герет рече дека негова задача е да ја внесе Македонија во НАТО, и тој успеа во тоа, објаснува Кларенберг во подкастот Активни Мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.