Секогаш кога ќе видат дека се пред пораз, наеднаш се сеќаваат за помирувањето, а сега уште го продаваат, како да ете ќе направат отстапка, онака „милостиво” и „благородно”, кон небањатите и тоа… „при чиста совест”.
Ама… Кога не беа спружени на земја, тогаш бркаа вештерки низ општеството, особено во десницата, ја злоупотребуваа правдата, уништуваа човечки судбини, го силуваа цело општество…
Е па така нема да може! Значи помирување секако да, но тоа мора да подразбира прочистување и отлачување од политиката на „прогресивните” и токсичните кои ја уништија и ја предадоа нацијата за која сега, видиш ти, кога им гори под нозе, ламентираат!
А да… и ќе си одговарате!, пишува на Фејсбук, Оливер Шамбевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.