По кој основ Талат Џафери присуствува на партискиот состанок на централниот совет на ДУИ, на кој денеска се бираше ново раководство, и, уште полошо, зошто тој револтирано го напуштил кога не смее да биде таму?!?!, прашува поранешниот амбасадор и професор Оливер Шамбевски.
Уставот е повеќе од јасен. Имено, најстрого е забрането претседател на Собранието да има друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.
Жална Македонија во која ништо не е на своето место и сѐ е изместено, пишува Шамбевски.
Собранискиот спикер не се согласи со предлогот на првиот човек на ДУИ Али Ахмети Блерим Беџети од групата на незадоволните да го замени Артан Груби на партиската позиција организациски секретар и Изет Меџити, Арбер Адеми, Арбана Пашоли да бидат назначени за потпретседатели. Тој побарал гостиварскиот огранок да добие потпретседателско место, но со неговиот предлог не се согласил новиот член на надзорниот совет на партијата Муса Џафери, по што спикерот во знак на револт и незадоволство прв ја напушти салата каде што се одржуваше состанокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.