Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во емисијата „24 анализа“ рече дека изгубената настава ќе се надоместува. Се надева дека нема да има понатамошни стравувања. Одредени училишта дојавите за бомби ги имаат добиено во различни денови.

Сигурен сум дека до овој ден некои од училиштата и ја имаат надоместено изгубената настава. Информациите дека во сите училишта се загубени повеќе од 10 дена од наставата се различни во сите градови заради тоа што имаме училишта каде е изгубено само еден ден. Сите наставници и професори имаат дадено придонес да се надомести изгубената настава. До крајот на првото полугодие ќе изврпимецелосна анализа на сите делови од програмите кои не се обработени на основните и средните училишта и по доставувањето на список од тие училишта што е изгубено, ќе донесеме одлука како тоа ќе се надоместува во второто полуугодие. Ќе се разгледува дали ќе се надоместува после работното време или во јуни во зависност кога ќе се достави извештајот на училиштата за изгубената настава, вели министерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.