Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, имаше протоколарна средба со амбасадорката на Сојузна Репубика Германија Анке Холштајн, на која двајцата ја истакнаа досегашната успешна соработка помеѓу двете земји во полето на образованието.
Како што соопшти МОН, соговорниците ја потенцирале важноста на размената на искуства како во образовниот процес, така и во делот на науката.
Министерот Шаќири, изрази благодарност до германската Влада за големата поддршка во разни проекти кои се реализираат во Република Македонија, како и искуствата кои земјава ги црпи од СР Германија во делот на средното стручно образование. Шаќири, исто така ја запозна амбасадорката Холштaјн за реализацијата на проектот за модернизација на основното образование, при што истакна дека земјава и во иднина ќе ги следи и ќе се труди да се прилагодува на глобалните трендови во областа на образованието – наведуваат од МОН.
Оттаму велат дека амбасадорката Холштајн, истакнала дека германската Влада е подготвена за продлабочување на соработката во образованието и научно-истражувачката дејност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.