Предлогот, кој обвинител ќе биде врска со Европравда во Хаг, го утврдува јавниот обвинител на РСМ. Сепак, изборот формално го прави министерот за правда, пишува 360 степени.

Меѓу пријавените се и досегашната обвинителка за врска со Европравда, Ленче Ристоска, обвинителката од ОЈО ГОКК, Ивана Трајчева, и уште двајца обвинители од скопското обвинителство.

Пријавените кандидати до овој момент се:

1. Ленче Ристоска, јавен обвинител во ОЈО Скопје

2. Ивана Трајчева, јавен обвинител во ОЈОГОКК

3. Наташа Гоџоска, јавен обвинител во ОЈО Скопје

4. Дејан Петрески, јавен обвинител во ОЈО Скопје

5. Александар Марковски, јавен обвинител во ОЈО Скопје

Од сите кандидатури, највпечатлива е онаа на Наташа Гоџоска, јавна обвинителка од ОЈО Скопје. Не поради нејзините квалификации, туку поради фактот што таа е сестра на министерот за правда Никола Тупанчески. Токму Тупанчески, според член 112 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, е функционерот кој формално го врши изборот на предлог на јавниот обвинител на РСМ.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.