Членот на Судскиот совет Селим Адеми и актуелниот потпретседател Ханиф Зендели немаат намера да го вратат и да се откажат од службеното „ауди“ кое незаконски го користат за одење дома во Тетово и назад на работа во Скопје секој ден, објави „Сакам да кажам“.

Поради тоа, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева на 22 февруари донела одлука службените коли „ауди“, „опел астра“ и „голф“, по завршување на работното време и на работните обврски, задолжително да се остават на паркингот или во гаражата на Судскиот совет. И по работното време да се остават клучевите од трите службени возила во Судскиот совет.

Повеќе тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.