На прашањето дали Зијадин Села оди по стапките на Мендух Тачи, тој одговори дека никогаш не избегал од одговорност, додавајќи дека ако на неделниот конгрес биде избран за претседател на Алијанса, ова ќе му биде последен мандат, бидејќи партискиот статут не дозволува повеќе од два мандата.

„Јас сум претседател на партија во служба на членството, а од друга страна не сум собрал потписи да се кандидирам, друго прашање е каков беше мојот став. Во животот не сум бегал од одговорноста и нема да бегам“, рече Села за време гостувањето во Алсат М.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.