Поранешниот лидер на Алијанса за Албанците, Зиадин Села вечерва на ТВ21 проговори за измените во Кривичниот законик.

Според него, тој и неговата партија би биле заинтересирани за овие измени, доколку се намалуваат казните и за други осуденици, како што се случајот „Монструм“, „Диво Насеље“ и „Алфа“.

„Не би било добро за правната држава доколку се амнестираат само политичарите. Да се ​​отвори ова, ќе ме интересира овој случај, ако на маса се стават случајот „Монструм“, „Диво Насеље“ и „Алфа“, рече Села.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.