Пратеник, Зијадин Села и коалициски партнер на ДУИ во Европскиот фронт ги негира информациите дека ја напушта коалицијата. Вели дека неговата партија е сериозен политички субјект, обвинувајќи дека ваквите „спинови“ доаѓаат од кујните на Вреди.
Села смета дека во Македонија ќе има предвремени избори и дека тие сега се насочени кон политичко дејствување и кон разговори со Албанците и другите заедници за последните случувања во државата.
Гласините за напуштањето на Алијансата на Села на Европски фронт доаѓаат по одлуката на пратеникот и лидер на ДПА, Мендух Тачи да излезе од коалицијата. Тачи не даде конкретно објаснување зошто го презема овој чекор но оцени дека ДУИ ја поразила коалицијата ВЛЕН во секоја смисла и оти нема сомнеж дека ДУИ е политичка сила во земјата.
Од друга страна пак за актуелната Влада посочи добила силен удар кога ЕУ ја одвои Македонија од Албанија на патот кон интеграција на земјата во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.