Секогаш кога СДС паѓа од власт се јавува афера на Онкологија – не смееме да дозволиме да има “онкологии” и во други здравствени институции, објави на Фејсбук, Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
❗️ Историјата покажува дека сме различни. Секој пат кога СДС паѓа од власт се јавува афера на Онкологија. Ова не е прв скандал, ова е втор скандал кој се процесира на истиот начин и истата состојба кога СДС заминува од власт. Дополнително, не смееме да дозволиме да има “онкологии” мали и на сите други здравствени институции
❗️ Во таа борба сме сите согласни, и претседателот Мицкоски нагласи дека ќе ја предводи, остро и бескомпромисно, и дека злоупотребата на ресурсите каде зависат животи нема да се повторува
❗️ Изминатиот период некој дозволил протоколите и стручните кокегиуми да бидат тргнати на страна и да зависат од лични и индивидувални одлуки кој ќе добие или кој нема да добие терапија, кога ќе ја добие и како ќе ја добие терапијата
❗️ Не смееме да дозволиме некој да работи надвор од протоколи, затоа тие треба да се модернизираат, апдејтираат и достават до сите делови на здравстевниот систем – примарно, секундарно и терциерно здравство. Кога се работи по протоколи и правила, злоупотребата практично се намалува и ние нема да имаме вакви состојби кога целиот здравствен систем има еден извалкан образ, заради двајца или тројца учесници
➡️Во рамки на Комисијата за здравство имаме сериозна програма со предлози и верувам дека ќе покажеме дека сме различни и тоа што се гледа на другите нивоа каде имаме власт, ќе ја пресликаме и на централно ниво
👉Доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на тема Концепт за здравство што се одржа во Штип (01.02.2024)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.