Денеска заедно со градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески присуствувавме на надзор на градежни активности за доградба и надоградба на детската градинка Срничка на објектот Изворче во Општина Аеродром. Вредноста на проектот е околу 120.000.000 денари, заеднички финансиран со средства од Владата и Општина Аеродром, а рокот на изградба е 12 месеци.
Проектот е од исклучително значење за жителите на Општина Аеродром, каде што живеат многу млади семејства со мали дечиња.
Нашата задача и цел е да нема повеќе листа за чекање на упис во градинките во општина Аеродром, секое дете заслужува свое место да има во градинките. Работиме на уште многу вакви проекти за подобар живот на граѓаните, тоа е наша цел и тоа е наша програма, напиша на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.