Поранешниот потпретседател на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, објави на Фејсбук дека ги собрал потписите за регистрација на неговата нова партија Европската демократска партија.
Успешно заврши собирањето потписи за регистрација на Европската демократска партија. Бескрајна благодарност до сите основачи за нивната посветеност и волја да отворат нова страница на политичко дејствување. Со среќа! напиша Хоџа на Фејсбук.
Хоџа неодамна ја најави промоцијата на новата партија за в сабота, ден пред одбележувањето на годишнината од Рамковниот договор.
Партијата на Изет Меџити, за која исто така тој ги собра потребните потписи, се вика Демократско движење и ќе биде промовирана на годишнината на Рамковниот договор, в недела на 13 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.