Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Бриж ќе одржи предавање на „Колеџот на Европа“, една од најистакнатите и најстарите академски институции од областа на европските студии.
Како што соопшти СЕП, пред студентите и младите дипломати од „Европската дипломатска академија“, основана од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Маричиќ, ќе се обрати на тема: „Процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, со фокус на евроинтеграциите на Македонија“.
Во рамките на посетата на кампусот Бриж на „Колеџот на Европа“, Маричиќ ќе се сретне со поранешната висока претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, а сега ректор на „Колеџот на Европа“ Федерика Могерини.
На средбата е планирано да разговараат за активирање на соработката на „Колеџот на Европа“ со Секретаријатот за европски прашања, за јакнење на административните и институционалните капацитети, преговарачките структури и корпусот на знаење во однос на процесот на европска интеграција и идното придружување во ЕУ.
Посетата на Маричиќ на „Колеџот на Европа“ е во рамки на неговиот престој во Белгија, по повод одржувањето на билатералниот скрининг за Поглавје 24, „Право, слобода, правда“, стои во соопштението
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.