Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во дебатниот магазин „ClickPlus“ на ТВ21 посочи дека предлогот за продолжено вето лошо звучел.
Лошо звучи вака, како го нарековте пролонгирано вето или развлечено вето. Тоа значи дека процесот што сакаме да го почнеме што мора да значи европеизација, чекаме 17 долги години конечно да го почнеме тој процес, ќе биде постојано на секоја кривина, на секој чекор под закана од Софија – вели Димитров.
Тој додава дека е помудро сега да го обезбедиме тој процес да европеизира, и да обезбедиме дека ќе најдеме достоинствено и европско решение за прашањата што се решливи.
Според него, дел од прашањата што ги отвора соседна Бугарија се нерешливи.
Идентитетските на пример, се апсолутно и непристојни, неевропски и нерешливи – порача Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.