Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека денеска во 12 часот ќе обелоденат информации за нов скандал на власта – „Афера Паразити“, за која, како што велат, ќе покаже како додека народот гладува и преживува од први до први, функционерите на власта се со полни трансакциски сметки.

Ќе објавиме како додека народот не може да преживее, функционерите на власта преку буџетот се полнат со баснословни суми пари.

 

Инфлацијата и високите цени му штетат само на народот, додека функционерите на власта не ги чувствуваат. Очигледно затоа и не го разбираат народот кој неможе ниту со 1.000 денари да купи намирници, кои до пред една година ги купувал за 500 денари.

 

За да се полнат со пари пар луѓе од власта државата константно се задолжува. Јавниот долг е над 7.5 милијарди евра, најавија од ВМРО-ДПМНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.