Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски, против кого се води постапка за палењето на контроверзниот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, првпат по објавувањето дека тој е сторителот се огласи во јавноста преку „Инстаграм“. Тој се заблагодари за поддршката која ја доби и од народот и од многу јавни личности, а и преку протестот во Битола.

Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата!, пишува тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.