Уште тројца вработени во затворот Идризово се суспендирани, поради спектакуларното бегство на затвореникот Беким Мемети, кој среде ноќ беше транспортиран од болница и успеа да им избега на чуварите, открива Јовица Стојановиќ, в.д. директорот на Управата за извршување санкции, во вечерашната Топ тема. Со ова, бројот на суспендирани се зголемува на седум, откако е направена детална анализа поврзана со бегството на Мемети.

Два и пол часа се проверувал видео надзорот во Идризово, вели, Стојановиќ. Тој самиот бил дел од поставувањето на камерите и точно знаел што гледа, а потоа со тимот уште 4 часа дополнителна анализа со вработените и разговори со сите кои биле на смена.

Новите тројца суспендирани не се одговорни само за бегството, туку и за функционирањето на целата зграда, вели Стојановиќ.

Што точно се случило, не би знаел да кажам, но затворот е добро обезбеден со камери, ѕидови, жици и единствен начин да се излезе е со медицинска помош или со поддршка на дел од вработени, вели Стојановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.