СДСМ не живеат во паралелен свет, туку живеат во паралелен универзум, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Розевите прес конференции на СДСМ немаат врска со реалноста која ја живеат граѓаните.

Народот се соочува со инфлација од 8,8% во месец март.

Граѓаните се соочуваат со повисоки цени на горивата од 70% во споредба со пред година дена. Цената на лебот е зголемена  за 110%, маслото за јадење е поскапено за над 30%, струјата за 30%, парното за 15%, сите основни намирници се поскапени за 30-50%, а СДСМ ги убедуваат граѓаните дека семејствата заштедиле и дека е спасен стандардот на граѓаните. Платите и пензиите ја изгубија трката со поскапувањата и инфлацијата.

Да не е тажно би било смешно.

Над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија, а функционерите на власт во криминални зделки плаќаат милион евра за семинарски труд.

Ете до каде забега оваа власт. Поради нивните погрешни економски политики растот на БДП на Македонија е убедливо најнизок во споредба со земјите од регионот.  Поради нивните погрешни економски политики долгот достигна 61% од БДП и ја надмина психолошката граница од 7 милијарди евра.

Народот ја виде негрижата и апашлукот на оваа власт на СДСМ и ДУИ. Народот бара промени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.