Владејачката СДСМ реагира на анкетата која ја објави порталот МКД.мк. Оттаму тврдат дека во неа има различни бројки.
-На почетокот се тврди дека се анкетирани 1.200 граѓани, а на крај дека биле 1.067. Анкетата со различни броеви не може да биде релевантна, туку обид за манипулација на граѓаните, велат од СДСМ.
Според партијата, вакви анкети излегувале за да прикријат скандали на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Останува фактот дека вакви анкети излегуваат секогаш кога Христијан Мицкоски ќе доживее пораз на политичката сцена во земјава, кога ќе излезе спротивно од она што го говори или кога треба да се покрие некаков скандал со раце во медот. Нарачани анкети имаше и пред изборите во Маврово Ростуше и Центар Жупа кога се тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност за на крај Мицкоски да доживее пораз, велат од владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.