Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ подолг период се обидуваат на секаков можен начин да ја опструираат работата на Собранието, блокираат закони важни за граѓаните а блокираат и работа на собраниските комисии, тврди СДСМ.

Работата на Комисијата за избори и именувања со месеци е закочена, а таа е важна за избор и именување на составите на важни државни институции. Една од нив, секако е и Уставниот суд, важна, независна инситуција, која со месеци работи во нецелосен состав. Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не сака функционален независен судски систем. После пресудите и признанијата во Титиник, со коишто се потврди криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, правдата најмногу и смета на оваа опозициска партија, се вели во соопштението на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.