СДСМ утре избира нов лидер на вонредни внатрепартиски избори по оставката на досегашниот партиски претседател, Димитар Ковачевски. Иако кандидатката Славјанка Петровска побара изборите да се одложат за подобри времиња, со оглед дека, како што тврди, починати лица се регистрирани за гласање, никој не го послуша нејзиниот повик. Таа денеска соопшти дека се откажува од трката, така што остануваат тројца кандидати за нов лидер – Венко Филипче, Александар Бајдевски и Јован Деспотовски.

СДСМ соопшти дека избирачкиот список брои 23.373 членови кои ќе може да го остварат своето право и да гласаат на 77 избирачки места ширум републиката.

Партијата во текот на денот ќе информира за излезноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.