Пред Собранието денеска е важна одлука за иднината на државата и евроинтеграцијата, откако е потврдено дека со последниот европски предлог се отвора патот во Европската Унија да влеземе како Македонци со македонски јазик и обезбеден македонски идентитет, велат од СДСМ.
Сите пратеници да ги поддржат заклучоците, предложени од пратеничката група на СДСМ, со кои се задолжува оваа и секоја идна Влада на Република Македонија, сите институции и експертскиот преговарачки тим на безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со Европската Унија.
Заклучоците предвидуваат преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, почитувајќи ги нормите на меѓународното право, со безрезервно почитување на достоинството и посебноста на Македонскиот народ, како и во целосна согласност на Резолуцијата усвоена од Собранието, на 29 јули 2021 година.
Конечно по 17 години чекање и 13 позитивни препораки, државата има шанса да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ, да се реализира втората стратешка цел, со целосно заштитен македонски јазик, идентитет и посебност – се вели во соопштение на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.