Нашата држава добива силна поддршка од најважниот и најголемиот сојузник САД, што беше потврдено и за време на посетата на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, велат во утринското соопштение од СДСМ.

За нас како држава, особено важна е пораката дека САД силно ќе ја поддржат нашата европска иднина, реформите и чекорите за полноправно членство во ЕУ, порака од американскиот државен врв што доаѓа во период кога успешно тече скрининг процесот а потребни се чекори во Собранието за продолжување на преговорите со ЕУ. И додека поддршката за продолжување на европскиот пат доаѓа од најважните стратешки партнери и сојузници, дома, на македонската политичка сцена против ЕУ се само Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев. ВМРО-ДПМНЕ и Левица се единствените против влез во ЕУ и европската иднина на државата и нејзините граѓани. Мицкоски, се натпреварува со Апасиев, чиј што заложник е, како да го закочи патот кон ЕУ, а меѓусебно се натпреваруваат кој поголема штета ќе предизвика на државата и идните генерации. СДСМ заедно со граѓаните, заедно со сите проевропски партии во земјата тоа нема да го дозволи и заедно со граѓаните, со сите проевропски сили ќе ги направиме сите потребни реформи, за да продолжиме по европскиот пат, велат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.