Во изминатите четири години, изградени се или се во фаза на изградба повеќе од 860 социјални станови низ целата држава. Најголемата социјална зграда, дом за 312 семејства, се наоѓа во општина Бутел. Инвестиција вредна речиси 10 милиони евра на Владата на СДСМ, со единствена цел, да се помогне на деца без родители, на самохрани родители, лица со попреченост, на оние на коишто им е неопходен дом, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„За нас сите се важни, грижата за сите е важна. Ако се направи споредба со времето на ДПМНЕ, вредноста на оваа зграда од 10 милиони евра е еднаква на 4 лава – споменици од Скопје 2014. Тоа е суштината разлика помеѓу СДСМ и ДПМНЕ. СДСМ се грижи за подобар живот на граѓаните, ДПМНЕ за спомениците. СДСМ не сади палми и жални врби во Вардар, туку вложува во потребите на граѓаните“, соопшти партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.