Прифатена е иницијативата на министрите од СДСМ за бесплатна замена на возачките и сообраќајните дозволи. Владата донесе одлука со која се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните на Република Cеверна Македонија – се пофали владејачката партија.

Иако со месеци трае голготата на граѓаните, тие денеска се удираат во гради дека бесплатни патни листови ќе добијат сите граѓани кои живеат надвор од нашата земја, а кои имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи.

Издавањето патните листови каде што нашата држава нема дипломатско конзуларно претставништо ќе биде направено онлајн, а тие ќе бидат испратени по пошта до граѓаните. Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата, а ДПМНЕ не смее да ги казнува граѓаните – велат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.