Република Cеверна Македонија започна нова етапа, реализација на уште една стратешка цел – членство во ЕУ. По 17 години конечно заслужено ги започнавме преговорите за членство во Унијата. Процесот на преговори ќе се води на македонски јазик, со чиста формулација, без фусноти и додавки. Историските прашања остануваат надвор од преговарачкиот процес, македонскиот идентитет, македонската посебност и историја се трајно заштитени – тврдат од СДСМ
Тие сметаат дека пропаднале сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за наводна асимилација и бугаризација на државата, во ЕУ влегуваме како Македонци а македонскиот јазик ќе биде рамноправен со останатите службени јазици во ЕУ.
Македонската иднина е загарантирана и таа е европска со полноправно членство во големото европско семејство – додаваат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.