Од СДСМ велат дека новата Влада предводена од нив значи ефикасност во работењето, одговорност и посветеност во решавањето на сериозни предизвици кои се пред граѓаните.

Покрај докажани професионални кадри од претходниот состав на Владата, речиси 70 отсто од министрите од редовите на СДСМ се нови, компетентни лица, подготвени да ја преземат одговорноста во соодветните ресори.

 

Новата Влада има полн легитимитет добиен на изборите од 2020 година и има капацитет да испорача резултати во однос на надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните.

 

СДСМ постојано покажува капацитет за промени, со цел што подобро да им служи на граѓаните и државата.

 

Од друга страна, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, во тамошното раководство се уште се присутни стари познати кадри, соработници на Никола Груевски и поддржувачи на режимот.

 

Додека СДСМ постојано се менува, ВМРО-ДПМНЕ останува истата деструктивна партија која работи на штета на граѓаните – наведуваат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.