Христијан Мицкоски капитулираше со неговите најави за предвремени парламентарни избори во месец мај, откако како што велеше тој, во февруари Собранието ќе се распуштело. Секогаш кога Мицкоски нешто ќе најави или предвиди, се случува токму спротивното – велат од СДСМ.

Тие во соопштението испратено до медиумите посочуваат:

Февруари изминува, а не само што нема ново мнозинство, не само што нема распуштање на Собранието, туку парламентарното мнозинство се зголеми и зајакна.

Извесно е дека парламетнарните избори ќе се случат во 2024 година, а на тие избори Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев одново ќе биде поразен затоа што постојано ги лаже граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.