Уште едно разочарување и неисполнето ветување од Владата е на прагот, велат од СДСМ, додавајќи дека „најавените 100 милиони евра за развој и поддршка на општините, ветени од оваа Влада, повеќе од јасно е дека нема да се реализираат оваа година“. Според СДСМ, ова е уште еден доказ дека „ВМРО-ДПМНЕ не успева да ги оствари своите ветувања и повторно ја изневерува довербата на граѓаните“.
Министерот Перински најави дека средствата нема да бидат доделени директно на посебните сметки на општините, како што тоа го правеше СДСМ. Наместо тоа, парите ќе се исплаќаат директно од буџетот до изведувачите, што значи дека оваа година реализацијата на средствата е речиси небвозможна или ќе биде минимална. Ваквиот пристап не само што го забавува процесот, туку и отвора можност за манипулации, централизирајќи ја контролата во рацете на Владата, велат од СДСМ.
За разлика од ова, велат од партијата, СДСМ реализираше проекти вредни 265 милиони евра во општините на далеку поефективен начин.
Средствата беа наменски на сметките на општините, каде што локалните власти имаа директен пристап и можност сами да ги управуваат своите проекти. Ова беше модел кој осигуруваше ефикасна реализација и транспарентност, нешто што е сега оневозможено од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Централизацијата на средствата и контролата од страна на Владата е директен удар врз децентрализацијата и автономијата на општините. Ова покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена да им верува на општините и на локалните власти, што води до стагнација и нереализирани проекти кои се од суштинско значење за граѓаните, велат во денешното соопштение СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.