СДС се власт во државата, дозволиле влез на Курти, му доделиле обезбедување за настанот, го испратиле до граница, и денес држат прес конференција за скандалите кои им се случуваат за време на нивно владеење. СДС се толку изгубени во секојдневните порази и толку не можат крај со крај да врзат од неуспесите, што мораат да држат налудничави прес конференции, чија цел е поделба на општеството,велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е резултат од нивните ветувања дека ќе обезбедат општество за сите, еднаквост, рамноправност и соживот. Имаме само поделби и порази за македонскиот народ и македонската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.