„Трет ден трае молкот на Христијан Мицкоски за јавно поставените прашања. Со кого се среќавал Мицкоски од домашната и надворешната политичка сцена и барал власт и ветувал дека ќе го сменел Уставот?

Кој е вистинскиот став на Мицкоски за уставните промени? Оној кој го кажува во јавноста или оној кој го кажува на средбите со домашни и странски политичари?“, прашуваат утрово од СДСМ во соопштение испратено до медиумите.

Мицкоски кој е во заложништво на Димитар Апасиев нека не се крие зад неговиот извршител Драган Ковачки туку нека излезе во јавноста и да одговори на поставените прашања. Лицемерието на Мицкоски за државните и националните интереси кога во јавност зборува едно, а зад затворени врати сосема друго е одамна познато, обвинуваат од СДСМ.

„Ништо не може да го сокрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под заложништво на Апасиев и Левица и затоа стануваат се порадикални во деструктивното дејствување. Мицкоски е слаб, исплашен и очаен и затоа се што прави, прави за да не заостане зад Апасиев“, стои во соопштението на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.