Седници на Извршниот и на Централниот одбор на владеjачката СДСМ ќе се одржат денеска во седиштето на партијата во Скопје на кои треба да бидат потврдени кадровските решенија за составот на новата влада. Како што потврдуваат од СДСМ за МИА, седница на Извршниот одбор е закажа за 18 часот, по што во 20 часот ќе има состанок и Централниот одбор.

Заменик – претседателката на партијата Сања Лукаревска, во изјава дадена пред божикните празници најави дека во понеделник се очекува да има седница на Централниот одбор на СДСМ на која претседателот и мандатар Димитар Ковачевски ќе ги презентира имињата за составот на владиниот кабинет, по што ќе продолжи соодветната процедура во Собранието.

Лидерот на СДСМ и мандатар Ковачевски се очекува утре до Собранието да го достави предлогот за состав на владиниот кабинет и новата владина програма, а на крајот од неделава да се одржи собраниска седница за избор на владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.