Владата предводена од СДС и ДУИ единствено што знае е да се грижи за личните и партиските интереси. И од држава воопшто и посебно од надворешната политика направија циркус.
Владата предводена од СДС и ДУИ прифати услови за ЕУ без никаква консултација дома, без никаква консултација со релевантните чинители во Македонија, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Чекорите кои ги преземаа Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и Бујар Османи оставија трајни последици по евроинтегративниот пат на Македонија.
Ковачевски, Маричиќ и Османи наместо да укажат на штетните и нереални ставови на Бугарија пред европските претставници, тие прифатија договор или услови кои се на штета на граѓаните и на државата.
Ковачевски, Маричиќ и Османи со обврските кои ги преземаа, а знаеја дека не може да се реализираат, купуваа само ден повеќе на власт. И додека ја бараа поддршката за неприфатливиот услов продолжуваа да крадат.
Сите нивни активности спротивни на правните норми во државата се запишани во извештајот на Европската комисија. И во тој документ ги има сите нелегални активности како активностите поврзани со коридорите 8 и 10д, лошата ситуација во правосудните органи и слично.
Нелегалните или криминални активности на СДС и ДУИ ја чинат Македонија многу, ги чинат граѓаните многу.
Состојбите како дома, а така и на меѓународен план мора да се поправи. За ова е потребен целосен рестарт на системот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.