Резултатите од последната анкета на ИПИС го покажа распложението кај граѓаните, а тоа е дека драстично паѓа поддршката за власта а се зголемува за опозицијата. Анализирајќи ја анкетата нарачана од „Вечер.мк“, се гледа дека веќе не е прашање дали коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи туку колкава ќе биде разликата.
Без разлика дали изборите ќе бидат редовни или предвремени, но мала е веројатноста власта да се согласи предвреме да си замине, ВМРО-ДПМНЕ ќе постигне голема победа. Нема да биде изненадување ако дојдат до бројката од 61 пратеник или блиску до таа бројка.
За победата на ВМРО-ДПМНЕ нема да прави голема разлика дали СДСМ и ДУИ ќе одат со заеднички листи. И вака и онака опозицијата има сигурна предност.
Ако се споредат гласовите на ВМРО-ДПМНЕ на советничките листи на локалните избори кога освои околу 285.000 гласови и на првиот груг од претседателските избори кога ВМРО-ДПМНЕ освои 319.000 , на овие избори опозицијата може да дојде до околу 400.000 гласови.
Ако се знае дека на речиси сите избори излегуваат по милион гласачи а секој пратеник „тежи“ по околу 7.000 гласови се доаѓа до бројката од околу 57 пратеници кои може да ги освои коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна, може да се очекува окрупнување на албанскиот опозициски блок предводен од Беса и од незадоволната група во ДУИ. Тој блок би можел да има речиси исто гласови колку ДУИ што е многу важно за идниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ кај албанските партии.
СДСМ сега се обидува во јавноста да создаде атмосфера дека иако се свесни оти ВМРО-ДПМНЕ ќе победи ниту една партија кај Албанците нема да сака да коалицира што е далеку од реалноста и бројките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.