Партиската преписка меѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ доби на засилен интензитет по вчерашниот протест одржан пред Владата на Република Македонија.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека на протестот дошло 80.000 граѓани, но од СДСМ инсистираат на тоа дека протестниот собир бил дебакл.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, утрово објави видео снимка направена од дрон, за да попладнево од СДСМ му возвратат со свое видео.
– Еве зошто видеото кое што Христијан Мицкоски го објави нема подолг кадар од 3 секунди. Очајно се обидува да го сокрие дебаклот на митингот на ВМРО-ДПМНЕ што му се случи синоќа. Наместо да ја прифати реалноста и да ја прими порака од граѓаните Мицкоски глуми невешт режисер, крати секвенци, од петни жили се мачи да сокрие нешто што не може да се сокрие. Еве целосно видео од дрон, без монтажи, без интервенции, дебаклот на митингот на ВМРО-ДПМНЕ е евиденитен – велат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.