Владата предводена од СДСМ во време на најголемата светска економска криза продолжува со мерки за ублажување на ценовиот шок и заштита на стандардот на граѓаните, вели СДСМ

„Започнува да се применува мерката за ограничување на маржите за основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало.

Трговска маржа од 5 проценти е утврдена за леб, шеќер и сончогледово масло.

За брашно, макарони и шпагети, македонски ориз, кравјо млеко и јајца маржата се ограничува на најмногу 10 проценти.

Одлуката за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените ќе важи до 30 септември оваа година, со можност да продолжи до крајот на годината.

СДСМ како одговорна партија и во време на криза продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, со мерки за заштита на стандардот на народот и ликвидноста на компаниите“, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.