Продолжуваме по европскиот пат, државата е подготвена за процесот на преговори со ЕУ кој носи бројни придобивки, за граѓаните на Република Македонија да живеат како сите останати народи од Европската унија, велат од СДСМ.
По 17 години чекање, се реализира уште една стратешка определба поставена уште на денот на независноста, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Во ЕУ влегуваме како Македонци, кои говорат македонски јазик, со заштитени идентитетски, историски и културни особености.
Преговорите за членство во ЕУ почнаа со одржувањето на првата меѓувладина конференција, а веднаш по неа започна скриниг процесот, по кој ќе следува и отворање на првите поглавја.
Почнува период на напорна и посветена работа на реформи, на усогласување на нашето со европското право, на економски, политички, општествен развој, повисок квалитет на живот, високи стандарди за почитување на владеењето на правото.
Континуираната и зголемена помош која Европската Унија ќе ја обезбеди во наредниот период, ќе овозможи македонските граѓани и економија да добијат конкретна и реална поддршка.
Сега е времето кога треба да застанеме заедно, обединети, полни оптимизам и верба за подобро утре, за да можеме да ги здружиме силите и заеднички да се посветиме на развивање силна, успешна и просперитетна европска држава, за нас и за идните генерации, велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.