ВМРО-ДПМНЕ повторно против себе, набавката на хеликоптерите Леонардо сега е добра, а бараше да биде поништена
Нов ден, нов доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се што критикуваше сега го прифаќа и промовира во јавноста.
Додека беше во опозиција ВМРО-ДПМНЕ бараше да биде итно поништена набавката на хеликоптерите Леонардо кои ги склучи Владата на СДСМ и министерката Петровска, реагира СДСМ.
Жолчно се бореа и пишуваа соопштенија со денови за денес без коментар или измена да ја прифатат во целост. Има ли ден во кој ВМРО-ДПМНЕ нема да се погази себеси?
Според сите нивни постапки очигледно тоа што СДСМ го правеше било добро за државата, но не било добро за ВМРО-ДПМНЕ како опозиција.
Опструкциите и постојаните напади на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција не беа ништо друго освен потреба да опструира државата и напредокот за нивна политичка корист.
Деструктивноста сега излегува на виделина за секој предмет и за секој случај
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.