Денеска сме во посета на Гевгелија на Денот на пожарникарите, драго ми е што градоначалникот, локалната самоуправа, пратеничката од Гевгелија успееја во соработка со Источниот плански регион, исто така со прекугранична соработка, исто така со невладини организации кои што се занимаваат со овој дел, да обезбедат опрема за пожарникарите која што е нужно битна пред се пред почетокот на летната сезона. Како што кажа и градоначалникот се надевам дека ќе имаат што помалку работа, но сепак треба да бидат опремени, не треба да застанеме тука, треба да се оди кон дополнително опремување и набавување на нови возила, кои што дополнително би помогнале во нивната работа, изјави за медиумите потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој посочи дека како носител во четвртата изборна единица дека е исклучително задоволен од она што се случува во Гевгелија со изборот на новиот градоначалник.
– Навистина една офанзива, една градежна офанзива која што се чувствува во целата општина, исто така промена во односот и бројни проекти кои што следуваат во периодот кој што доаѓа кои што покажува дека градоначалникот и Советот ја оправдуваат довербата. Во исто време ако ми дозволите би сакал да искоментирам две работи кои што се условно кажано о д државната националната политика. Пред се сакам да најавам дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со активна блокада на Собранието се до определување на датум за предвремени парламентарни избори. Она што го гледаме и што е евидентно што владејачкото мнозинство бега од оваа работа на начин што воопшто не се закажуваат активности во Собранието, што се скандал сам по себе. Пет дена по ред, од понеделникот до денес петок во рамки на собранието не е закажани ниту една активност. Не се закажуваат седници на собрание, не се закажуваат седници на комисии, што само покажува дека активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ е успешна, затоа што она што ни беше цел а тоа е да ги блокираме штетните законски решенија кои што се спротивни на интересите на граѓаните, а се само една во интерес на една тесна клика на СДСМ и ДУИ, успеваме да го направиме, појасни Николоски.
Потпретседателот додаде дека се надева дека ќе имаат доволно разум, доволно свест, и доволно волја да седнат следните денови на лидерска средба на која што заеднички ќе определат датум за предвремени избори, а исто така и да се договорат околу четирите клучни проблеми кои што ги има Македонија, тоа се во делот на финансиите, во делот на европските интеграции на проблемот со Бугарија, во делот на образованието, здравството како би можело заеднички да изнаоѓаме решенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.