Па да, тоа беше активност на една голема истражувачка мрежа на новинари од целиот свет коишто дојдоа до податоците што богатите луѓе имаат во Дубаи, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање дали има поконкретни информации за случаите со незаконското перење на пари во Дубаи.

Николоски нагласи дека од она што се објавува по медиумите помеѓу сопствениците на имот во Дубаи се роднини и бизнисмени кои се блиски до актуелната гарнитура на власт, апелирајќи до надлежните институции да ги испитаат овие наводи се со цел да се дознае на кој начин е стекнат имотот.

– Според податоците кои јавно беа изнесени бројни лица од Македонија и бизнисмени поседуваат имот во Дубаи, она што се навестува во јавноста, пишуваа и одредени ваши колеги е дека помеѓу сопствениците на имот се роднини и бизнисмени коишто се блиски на актуелната гарнитура на власт а всушност мислам дека и целата јавност е запозната со честите посети на одредени богати семејства од Македонија во Дубаи коишто не се ни кријат, да ги објават фотографиите од Дубаи на социјалните мрежи. Она што треба да го одговорат во јавноста е за колку пари го имаат купено имотот? Дали е тоа направено преку легални трансакции и дали можат да докажат потекло на парите, а ги повикувам надлежните институции и пред се управата за финасиско разузнавање, финанасиската полиција, управата за јавни приходи и министерството за внатрешни работи да ги испитаат овие наводи затоа што ова не се наводи од улица условно кажано, туку се наводи коишто ги даваат врвни новинарски имиња и од регионот и од Европа но и од светот. Така што треба да дадат одоговори на овие прашања, на кој начин и со кој пари се стекнати тие имоти и дали тие имоти се можеби, односно тие пари се производ на кривични дела, порача Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.