Ако внимателно се следи развојот на настаните во моментов ќе видите дека СДСМ буквално го моли ДУИ да одат на заеднички листи свесни за огромниот пораз кој што ќе им се случи, а можеби и несвесни дека една од причините за така нискиот рејтинг кој што го имаат е токму дејствувањето на ДУИ во актуелната влада. Имаат еден вид Стокхолмски синдром кон ДУИ и тоа е очигледно, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување во Тема на денот која се емитува во рамките на централниот Дневник на телевизија Сител.
Николоски додаде дека доколку партиите од власта настапат заедно на претстојните избори, според истражувањата тоа ќе биде уште подобро за ВМРО-ДПМНЕ.
„Според сите релевантни истражувања на ВМРО-ДПМНЕ дури и повеќе му одговара да ДУИ Алијанса за Албанците и СДСМ одат заедно на избори затоа што кога се прават истражувањата на јавното мислење и се става ВМРО-ДПМНЕ од едната страна, овие три политички партии од другата страна заедно како симбол на пропаста на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ добива и повеќе гласови. Така што ако гледам тесно политички нас ова ни одговара“, потенцираше Николоски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека ова ДУИ кое е потонато во криминал треба да оди во опозиција и затоа после победата на избори, прва преференција за формирање на влада ќе биде албанската опозиција.
„Ние како и да е очекуваме дека ќе сме блиску, или ќе имаме 61 пратеник и доколку власта одлучи да заеднички настапи, тогаш ние секако ќе разговараме со албанската опозиција, а и да не настапи власта заедно, повторно наш избор број еден, наша преференција е албанската опозиција затоа што сметаме дека ова ДУИ кое што е потонато во криминал, ова раководство на ДУИ треба да оди во опозиција“, заклучи Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.