Со блокадата на уставните измени, ДПМНЕ и Мицкоски не само што ја оддалечуваат државата од европскиот пат, туку негативно влијаат и врз економскиот развој,вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
ЕУ е нашиот главени трговски партнер, со 77,5% од извозот на земјата и 51% од нејзиниот увоз.Дополнително, ЕУ е наш најголем финансиски поддржувач, донатор и кредитор во сите области, таа ни помага во европеизирањето на македонскиот бизнис модел.Блокадата од страна на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ-вели Николова.
Само во досегашниот евроинтегративен процес на земјата, преку ИПА, грантови за енергетската криза, макроекономска помош, поддршка за малите и средните компании, помошта за ублажување на економските последици од пандемијата, образовните и други програми во државата се слеаја над 1,2 милијарди евра од европските фондови.
Во иднина, преку забрзување на евроинтеграциите и полноправното членство, програмите и фондовите на ЕУ можат да бидат 11 пати повисоки од оние што досега ги имаме.
Но, блокадите на ДПМНЕ и Мицкоски можат да доведат до загуба на овие значајни финансиски прилики за државата, бизнисот и граѓаните.
Мицкоски и ДПМНЕ исто така, ја ускратуваат шансата за голем скок на платите и раст животниот стандард на граѓаните, со оглед на фактот што, во првите пет години по зачленувањето во ЕУ, растот на платите во земјите членки на ЕУ се движеше од над 50 отсто, па се до 100 отсто.
Првите пет години по членството, кај државите од ЕУ, стапките на раст на БДП се зголемиле од 80 до 90 отсто, но во случај на прекин на интеграциските процеси, тие стапки за нашата држава може да останат недостижни, исто како и пристапот на македонските компании на европскиот пазар со 500 милиони.
Придобивките од членството во ЕУ се огромни, сега имаме единствена можност, отворена врата за европскиот пат и оваа шанса треба да се искористи, затоа што 80 отсто од граѓаните јасно се определени за членство во ЕУ.
Почитувани,
Како што обезбедивме членство во НАТО, како што обезбедивме почеток на преговори со ЕУ, така заедно со европскиот блок ќе обезбедиме и полноправно членство во ЕУ.
Имаме одговорност и обврска пред граѓаните и државата да ја обезбедиме европската иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.