СДС за 3 години на тендери за софтвери троши 40 милиони, а од болните се крадат цитостатици, нема инсулин, деца умираат зошто нема пари за лечење, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Со 40 милиони колку што власта потроши на матните тендери за софтвери и 20 милиони дупка во Онкологија ќе се направеше половина Клинички центар, можеше да се опремат сите болници низ државата со најсовремена опрема, ќе се набавеа 1.200 болнички возила, ќе се купеа лекови за ретки болести.

Но наместо за народот власта краде од тендери, а краде и од болните, кои наместо терапија добиваат физиолошки раствор.

Македонија не може да тргне ни милиметар напред додека СДС и ДУИ се на власт, зошто додека тие крадат на тендери и од болните, деца умираат зошто нема пари за лечење.

Со СДС и ДУИ во Македонија базичните услуги кои треба да ги обезбедува системот стануваат луксуз. Потребни се промени. Потребен е рестарт на системот, стои во соопштението на партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.