Власта шеста година изгласува се поголем буџет, а оваа година тој гласи цели 5,5 милијарди евра, но граѓаните шеста година по ред, се повеќе се дават во сиромаштија, стандардот тоне, а цените во маркетите се поскапи од тие во Германија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според статистиките, за раст на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 година, земјите во регионот бележат раст на БДП по глава на жител над 50%, додека Македонија за истиот период бележи раст само од 20%.
Во овие 6 години се потрошија 25 милијарди евра од буџетот, а нема ни еден единствен капитален проект, кој почнал и се завршил, за време на овој период. Македонија стана убедливо најсиромашна земја по глава на жител, нас не поминаа и Босна и Херцеговина и Албанија, во сите економски параметри.
Очигледно е она дека, со што се потврдува и во извештајот на ЕУ, дека во Македонија царува корупцијата, во сите пори на општеството, а функционерите од ДУИ и СДС, само гледаат како да натоварат, што повеќе милиони на своја сметка, за нив и нивните роднини.
Оваа пракса ќе заврши многу брзо, за само неколку месеци. ВМРО-ДПМНЕ, подржани од граѓаните, ќе ја срушат оваа криминална власт, а потоа ќе дојдат вистински економски политики но и одговорност, додаваат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.