Дојдовте со пуч на власт во режија на странци, ама песната ви заврши, ја отпеавте фалш. Од првата до последната нота, пишува на фејсбук актерот и поранешен директор на Драмски театар Сашо Тасевски.

Народот сепак ве пречека со надеж дека ќе бидете подобри од Груевски.
Дека ќе влеземе во ЕУ. Ветувавте достоинствен живот
И што се случи?
Станавте национален срам. Направивте светот на македонскиот народ да гледа со потсмев.
Дозволивте петтата колона на две соседни држави да ве манипулира, уценува и владее со државата. Да ги понижува Македонците. Да поставува услови.
Застанавте на нивна страна, слуги покорни и се свртете против својот народ, без трошка патриотизам и чест во вас.
На економски план не се справите со ниту еден предизвик.
Вашиот одговор на ковидот, инфлацијата беа нови задолжувања во милијарди евра од банкарските шпекуланти.
Ви гореа ковид болници со живи луѓе, гинеа патници во неисправни автобуси, никогаш вината не беше утврдена. Секогаш беше виновен некој кабел, нешто без крв и месо.
Немате одговор на ништо.
Две години малтретира те народ со ковид протоколи кои не работеа, зашто ги спроведувавте селективно, кампањски, кога вас ви одговара.
Ги теравте луѓето да се вакцинираат со лажни ковид вакцини кои не само што не работеа, туку по кои се умираше и уште ќе се умира понатаму, зашто прават крш во организмот со одложено дејство. Ќе уништат генерации.
Владеете пет години а немате одговор за ништо.
Само скандал до скандал, пораз до пораз.
Сега ЕУ апла ви ја удри клоцата. И на нас. ЕУ беше главно ваше ветување. Го испушивте лулето. Парталите во куфер и заминувајте од власт.
Не е прашањето што ќе се смени ако дојдат други, ко шо ве правдаат вашите лигави аналитичари.
Не знам. Може ништо нема се смени. Се ќе остане исто. И цените на бензинот и лебот, понижувањата и инфлацијата, ДУИ и заканите од фашизоидните соседи, но вие мора да заминете.
Ви заврши песната. Ја отпеавте фалш. Од првата до последната нота, пишува Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.