Дури и директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, се впушти во бизнис водите преку неговиот син, да не остане покус од неговиот вистински шеф Али Ахмети, чии деца и внуци исто така имаат голем претприемачки дух.
На 12 октомври, 2022 година на домашната адреса на Сашо Тасевски, е регистрирано Друштво за трговија, услуги и производство СМАРТИОТ ДООЕЛ, компанија која се занимава со информатичка технологија, со ограничена одговорност на едно лице, сопственик и управител, синот на Сашо Тасевски, oткрива ВМРО-ДПМНЕ.

Сашо Тасевски треба да даде одговор, зошто оваа фирма на име на синот не ја пријавил во ДКСК, за што има законска обврска. Замислете, човекот задолжен за спроведување на законот и безбедноста во Македонија, самиот го прекршува законот. Криењето на имоти и фирми очигледно е главна одлика во СДС, а каде јавноста се запозна преку аферата “Тајни имоти”.

Граѓаните заслужуваат власт, која искрено се грижи за нивната безбедност, а не лица, на кои поважно им е синовите да ги направат бизнисмени и милионери.
ВМРО-ДПМНЕ по превземањето на власта, на прво место ќе ја стави сигурноста и безбедноста на граѓаните



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.