Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов преку статус на Фејсбук пишува дека Oпштина Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски“ добиле грант – проект во вредност од 507.000 евра за иновативен тренинг HUB.
Ме радува веста дека напорната работа на посветен тим од СОУ Јосиф Јосифовски – Гевгелија резултираше со успех и добиен е грант од 507.000 евра од Regional Challenge Fund.
Задоволството е големо бидејќи изминатата година општина Гевгелија и институциите во нејзина надлежност беа 100% успешни и сите проекти со кои се аплицираше до меѓународните фондови, министерствата, агенциите се одобрени и во 2023 година ќе се реализираат на територијата на нашата општина.
Честитки за директорката Марија Танева и благодарност до координаторите на проектот Снежана Сарамандова, Александар Делиџаков, професорите од трите струки, Флорит Гевгелија и сите останати кои беа вклучени во осмислување и изготвување на проектната апликација.
Станува збор за модерен, еколошки, енергетско оддржлив тренинг центар- HUB‼ доградба и адаптација на пристапна и соодветно опремена работилница за пракса на автомеханичар и машински техничар за моторни возила и опремени канцеларии за пракса на ученициод економската струка;
‼инсталација на фотоволтаични панели за потребите на тренинг центарот;
‼автомобилска тренинг опрема за практична настава, електричен/LPG хибрид ¾ едукативно тренинг возило, алати, дигалка за возила, балансери, авто тренинг табли, компјутерски контролен систем за електрично возило, тренинг опрема за хибридни батерии, дијагностика, осцилоскопи, анализа на издувни гасови, компјутери, принтери, мебел, тренинг софтери и инсталација на HASSP систем и опрема за пракса во кујна и ресторан за ученици од угостителско-туристичката струка. ‼обуки за наставници, ученици и ментори од партнер компаниите.
Со овој проект ќе се овозможи значително подобрување на реализација на наставните програми во стручното образование на СОУ Јосиф Јосифовски, квалитетот на наставата, стекнување на специфични вештини кои учениците би ги добиле благодарение на тренинг центарот, современата опрема и програма, а со тоа и подготвување на квалитетен кадар според потребите на нашите компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.